• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Продолжен рокот за парична помош за првачиња во општина Аеродром

Продолжен рокот за парична помош за првачиња во општина Аеродром

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - Рокот за пријавување првачиња за еднократна парична помош од 3.500 денари што ги доделува општина Аеродром на првоодделенчињата запишани во основните училишта на нејзината територија е продолжен до 15 септември.

Покрај оваа одлука за продолжување на рокот за пријавување, општина Аеродром соопшти дека се олеснети и критериумите. Доволна е лична карта на само еден од родителите.

Одлуката за доделување по 3.500 денари за првоодделенците првпат е донесена оваа година во општина Аеродром. За оваа намена општината има издвоено околу 2.800.000 денари од сопствениот Буџет за околу 800 првачиња.

- Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството. На овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете, изјави градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин.

Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2018/2019 година на подрачјето на општина Аеродром може да се подигне во општината или да се симне од општинската интернет-страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari. 

Барањата можат да се поднесат во општина Аеродром секој работен ден од 9 до 15 часот во канцеларија број 19, а исплатата на паричните средства е предвидена за почетокот на учебната година. мд/сд/13:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ