Шилегов најави изградба на нов парк во Мал ринг

Шилегов најави изградба на нов парк во Мал ринг

Скопје, 30 август 2018 (МИА) - Уредување и изградба на нов парк на просторот зад објектот на Македонска филхармонија, кој со години беше неуреден, најави денеска градоначалникот на Град Скопје, Шилегов, одговарајќи на советничко прашање на седницата на Советот на Град Скопје. 

- Овој простор со години се користи како нелегален див паркинг. Бидејќи станува збор за неасфалтирана површина, на ова место паркираните возила разнесуваат прашина која дополнително го загадува воздухот и кал во дождливите денови која по напуштањето на паркингот се разнесува по улиците. Притоа подземниот паркинг под МОБ и Филхармонијата иако има огромен капацитет стои неискористен, рече Шилегов, одговарајќи на прашањето на советник во Советот на градот во врска со тоа дали ни се заканува нова узурпација на овој простор од типот на „Скопје 2014“.

Совет на Град СkопјеДодаде дека на ова место ќе биде изграден парк со површина од 14.000 м2 што го прави поголем и од паркот Жена борец. Од овие 14.000 м2 за зеленило се предвидени околу 8.000 м2 во рамките на кои покрај постојните 23 дрвја ќе бидат засадени уште 60-тина нови садници. Остатокот од површината ќе биде зафатен со пешачки и велосипедски патеки, клупи, корпи за отпадоци, чешми, канделабри за осветлување и друго.

- Овој простор е единствениот слободен простор во рамките на ДУП-от Мал ринг што остана незафатен од мегаломанските градби на проектот Скопје 2014. Ова го правиме и ќе продолжиме да го правиме, затоа што на Скопје му недостигаат паркови и зелени површини, а не згради и споменици кои во изминатиот период беа градени и повеќе отколку што е потребно, нагласи Шилегов одговарајќи на советничко прашање. рп/са/12:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...