Подароци и детска престава за најмалите посетители на Зоолошката градина-Скопје

Подароци и детска престава за најмалите посетители на Зоолошката градина-Скопје

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - По повод почетокот на новата училишна година викендов во Зоолошка градина-Скопје ќе има повеќе активности за најмалите посетители. 

В сабота од 12 до 14 секое дете ќе добие по еден подарок од најпознатиот бренд на лижавчиња, а нив ќе ги дели маскотата кенгур. „Orange kids club“ подготвува „Back to school” забава каде ќе ги анимира најмладите посетители со бесплатен курс по танц, караоке, кловн и принцези, ваучери со попусти и уште многу интересни содржини. 

В недела во 12 часот ќе се одигра детската претстава „Принцот жаба“ во изведба на театарот „Крик“. Влезот за театарската претстава е бесплатен и ќе може да ја погледнат сите посетители во Зоолошката.

Ова лето Зоолошка градина-Скопје бележи рекорди во посетеност. Неделно има и по 11.000 посетители, што е двојно повеќе во однос на минатото лето. Со тоа Зоолошката градина во Скопје е најпосетената установа во Македонија. мд/са/12:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ