• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Потпишан Меморандум за соработка меѓу МТСП, МЗ и општина Ѓорче Петров

Потпишан Меморандум за соработка меѓу МТСП, МЗ и општина Ѓорче Петров

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - Изградба на нова градинка, нова модерна амбуланта и административни простории за потребите на локалната самоуправа на местото на постоечката здравствена институција во урбаната заедница Дексион, преку воспоставување договор за јавно-приватно партнерство. Ова го вклучува Меморандумот за соработка кој денеска го потпишаа министрите за здравство и за труд и социјална политика, Венко Филипче и Мила Царовска и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски. 

Преку заемна соработка, поддршка и активности меѓу страните потписнички и приватниот партнер, кој треба дополнително да биде избран на оглас, откако ќе заврши постапката за физибилити студија, очекувањата се дека до средина на следната година треба да биде поставен камен-темелник за овој повеќенаменски комплекс за јавни услуги. 

- И се заблагодарувам на Владата за поддршка на овој многу значаен проект за граѓаните, прв од ваков вид, воспоставен меѓу три јавни институции и приватен партнер, со кој ќе овозможиме подобрување и модернизирање на условите во здравството во кои сега работат медицинските лица во нашата општина, но и преку зголемување на капацитетите, намалување на бројот на дечиња кои чекаат да бидат запишани во градинка, рече градоначалникот Наумоски на прес-конференцијата.

Министерката Царовска информираше дека Владата за една година отворила 11 градинки, а до крајот на годината се очекува отворање на уште 13 вакви објекти.

Според министерот Филипче, поголем број од амбулантите, како и таа во Дексион, се во лоша состојба, поради тоа што долги години не е инвестирано во нив. Со ваквите значајни проекти, како што рече, користејќи ги искуствата на модерните западни земји, се очекува состојбата во здравствениот сектор значително да се подобри. мд/са/12:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ