• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

МИА директно ќе ја пренесува дебата во Град Скопје за гасоводот на Водно

МИА директно ќе ја пренесува дебата во Град Скопје за гасоводот на Водно

Скопје, 3 септември 2018 (МИА) - Град Скопје денеска организира јавна дебата за изградбата на гасоводот на Водно на која градоначалникот Петре Шилегов покани претставници на надлежните државни органи, како и граѓански здруженија кои покажаа загриженост поради проектот. 

Како што информираше Шилегов во петокот, сите градежни активности за изградба на гасоводот на Водно се прекинати до  завршување на процесот на дијалог и дебата.

- Изградбата на гасоводот на Водно предизвикува загриженост и реакции во јавноста. Пред почетокот на градежните активности претходеа интензивни разговори со активистите и со загрижените граѓани и се бараа заеднички алтернативни компромисни решенија. Токму како резултат на овие разговори успеавме да се избориме за намалување на ширината на трасата на гасоводот од 25 на 10 метри и измени на трасата во еден дел од четири километри. Но, и покрај тоа, очигледно е дека во јавноста сè уште постои загриженост за ваквата траса и за изградбата на гасоводот, изјави Шилегов.

Дебатата ќе се одржи во Советот на Град Скопје во 13 часот, а МИА директно ќе ја пренесува на својата веб страница www.mia.mk, на YouTube и на Facebookскс/са/08:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ