„Водовод и канализација“ - Скопје воведе нова услуга за електронско плаќање

„Водовод и канализација“ - Скопје воведе нова услуга за електронско плаќање

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) - „Плати брзо“ е новата услуга за слуга за електронско плаќање на сметките за вода. Преку оваа услуга ЈП Водовод и канализација - Скопје на своите корисниците им овозможува онлајн плаќање на фактурите без да биде потребно да се регистрираат во системот - Мој Водовод.

На електронскиот сервис „Плати брзо“ со внесување на фолио бројот од фактурата корисниците на услугата можат да извршат плаќање со кредитна или дебитна картичка без провизија, што е поволно за оние корисници кои често патуваат или живеат во странство, соопшти претпријатието.

Со електронскиот систем, додава „Водовод и канализација“, се овозможуваат и сите шалтерски услуги како што е започнување процедура за ажурирање на личните податоци, преглед на долгови, плаќање сметки или рати, ажурирање на состојбата на потрошувачка на водомери, пријавување дефект, како и електронска достава на месечната фактура или целосно исклучување на печатената достава на сметки.

Новата услуга е достапна на линкот https://e.vodovod-skopje.com.mk/InstantPayment.aspx. нд/са/09:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...