• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) - Без електрична енергија утре од 08:30 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од улица „Ленинградска“ како и улица „Јосиф Јосифов Свештарот“, во општина Центар.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без струја утре од 09:00 до 15:30 часот ќе останат корисниците од улица „Франклин Рузвелт“ број 51 како и булевар „Партизански одреди“ број 48, во општина Карпош.

Без напон од 09:00 до 12:00 часот ќе бидта и корисниците од дел од улица „Лука Геров“, под улица 15 и под улица 17, во општина Ѓорче Петров.

Во време од 09:00 до 10:30 часот без електрична енегрија ќе бидта и корисниците од индустриската зона Ќојлија- фирмите Кондор и Беташпед, во општина Петровец.

Без струја од 07:25 до 12:00 часот ќе бидат и корисниците од улиците „Јани Лукровски“, „Ташко Караџа“, „Лазар Поп Трајков“, „Трифун Хаџијанев“ и „Христо Ботев“, во општина Гази Баба.

Од 09:20 до 14:00 часот корисниците од Бел Камен, Кучевишка бара како и Дрво метал, во општина Чучер Сандево.

Без електрична енергија од 08:40 до 13:00 часот ќе бидат и корисниците од влезот во населба Радишани, почеток на улица „Скоевска“, кај Триаголникот на улица „Скоевска“, улица 1558 како и улица „Ѓоре Ѓоревски“, во општина Бутел.

Од 10:30 до 15:30 часот без напон ќе бидат и корисниците од дел од селото Долно Соње, во општина Сопиште. аа/11:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...