Пенчиќ: Со помош на Гел да го направиме Скопје „град за луѓе“

Пенчиќ: Со помош на Гел да го направиме Скопје „град за луѓе“

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) – Имаме за цел да отвориме една нова страница за развој на градот Скопје, истакна професорката Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет во Скопје на денешната промоција на книгата „Градови за луѓе“ од професорот Јан Гел од Данска што беше организирана од Комората на архитекти и овластени инженери.

Таа посочи дека професорот Јан Гел од Данска во моментов е еден од најважните личности во архитектурата и планирање на градовите во светот, нагласувајќи оти тоа покажува дека имаме неверојатна можност, бидејќи тој бил и советник на градоначалниците на градовите како Њујорк, Мелбурн и Москва.

- Тој покажа голем интерес за Скопје. Целата приказна се сведува на тоа како градот Скопје да го направиме „град за луѓе“ што е поттикнато од неговата книга што се вика „Градови за луѓе“, рече Пенчиќ.

Гел работи на една проблематика дека планирањето на градовите, организирањето и квалитетот на живот треба да се сведува на човекот.

- Ние сега имаме една друга позиција во која го планираме градот како да не знаеме за кого го планираме и секојдневно се соочуваме со проблемите кои го намалуваат квалитетот на живот, истакна Пенчиќ.  

Таа посочи дека почнува акција со поддршка на градоначалникот Петре Шилегов да се отвори дебата за тоа како Скопје да се направи „град за луѓе“.

Пенчиќ посочи дека денеска група експерти од различни области ќе зборуваат за нивното гледање на Скопје какве е сега и какво ќе биде во иднина, обработувајќи тези за „град за луѓе“, шансите за чист воздух во Скопје и разгледување на различни студии од тоа поле.

- Следно е како градоначалниците ќе ги прифатат нашите сознанија и колку ќе ги прифатат, потенцираше Пенчиќ.

Таа наведе дека Гел како професор доаѓа до сознание дека се што се правело  и учело од архитектура и урбанизам досега било погрешно бидејќи во замислите за градовите не бил ставен човекот.

– Тој започнува нова теорија, а неговите принципи за создавање на град наменет за луѓе се наведени во неговата книга, рече Пенчиќ.

Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје, истакна дека градоначалникот Шилегов и Гел потпишаа писмо за намери за соработка во делот на урбанизмот и просторното планирање.

- Оваа соработка ја воспоставуваме со цел унапредување на урбаното живеење во Скопје по примерот на светските метрополи, рече Јанчева.см/са/12:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...