Без струја утре повеќе делови на Скопје

Без струја утре повеќе делови на Скопје

Скопје, 6 септември 2018 (МИА) - Без електрична енергија утре од 07:30 до 09:30 часот ќе бидат корисниците  од селата Љуботен и Љубанци, во општина Бутел и селото Раштак, во општина Гази Баба.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Без струја од 08:30 до 11:00 часот, ќе бидат и корисниците од  улица „12“ во село Долно Соње, во општина Сопиште.

Од 08:30 до 11:30 часот, без електрична енергија ќе бидат и корисниците од  зградата  „Палата Македонија“ на улица „Македонија“, во општина Цента.

Без напон од 08:30  до 14:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од село Брњарци, додека од 08:30  до 14:30 часот, корисниците од населба Стајковци, во општина Гази Баба.

Од 09:00 до 11:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од улиците „Борис Бојаџиски“,  „Андон Кецкаров“,  „Бертнард Расел“ и  „Моцартова“, во општина Ѓорче Петров.

Без струја од 12:30  до 15:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од улица „Лесновска“ , поточно куќните броеви,  „2“,  „4“,  „6“ и  „8“., во општина Карпош. аа/17:42

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ