• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Општина Центар урива дел од бесправно изграден објект на улица „Македонија“

Општина Центар урива дел од бесправно изграден објект на улица „Македонија“

Скопје, 7 септември 2018 (МИА) - Општина Центар урива бесправно дограден дел на угостителскиот објект „Бистро Македонија од Стража“ на ул. „Македонија“, постапувајќи по решение на овластен градежен инспектор. 

Општината денеска соопшти дека инспекторот констатирал оти инвеститорот на угостителскиот објект без одобрение за градење изградил доградба на локалот со димензии 14 x шест метри и донел решение дел од објектот што е бесправно изграден да биде отстранет во рок од три дена.

уривање дивоградба Мекиците Стража - Бидејќи инвеститорот не постапил по решението, општина Центар пристапи кон присилно извршување на решението и уривање на дивоградбата. Трошоците за извршување на решението ќе бидат надоместени од страна на инвеститорот. Инвеститорот градел без одобрение за градење согласно член 134 од Законот за градење, се вели во соопштението од општина Центар и се нагласува дека внимателно го следат почитувањето на Законот за градење и нема да дозволат дивоградби на својата територија.лв/сд/16:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...