Гала концерт по повод 70 години Македонска опера

Гала концерт по повод 70 години Македонска опера

Скопје, 26 април 2017 (МИА) - Македонската опера и балет по повод 70-годишнината од Македонската опера ќе одржи гала концерт на кој ќе учествуваат сите првенци, солисти и оркестарот и хорот на МОБ.

На концертот ќе бидат изведени арии, дуети, терцети, квартети, оркестарски и хорски нумери од светски автори. Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер е Дејан Прошев.

Првата професионална оперска претстава изведена во Македонија е „Кавалерија рустикана“ на 9 мај 1947 година. Во подготовките и изведбата учествувале Тодор Скаловски како диригент и Бранко Поморишац како режисер. Хоровите ги подготвиле Петре Богданов - Кочко, Тодор Скаловски и Стефан Гајдов. бак/са/07:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...