• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

„Рибја чорба“ во Крива Паланка на седмото издание на „Џојфест“

„Рибја чорба“ во Крива Паланка на седмото издание на „Џојфест“

Крива Паланка, 22 август 2018, (МИА) – На седмото издание на музичкиот фетивал „Џојфест“ во Крива Паланка кое ќе се одржи на 25 август ќе настапи Српскиот рок-состав „Рибја чорба“.

Фестивалската програма на „Џојфест 2018“ ќе започне во 20 часот и 30 минути, а настанот ќе се одржи на централниот градски плоштад во Крива Паланка.

Уметничкиот директор на фестивалот, Александар Михајловски, најави уште едно незаборавно дружење, позитивна атмосфера и добра забава.

- Ова е седмо издание на фестивалот кој најпрвин ја вастапува македонската музика, со надополнување на програма со странски изведувачи. Досега за седум години настапиле четири странски изведувачи, а над триесетина македонски артисти. И годинава, пред настапот на „Робја чорба“ предгрупа се Фиц , „Студени нозе“-Трансформерс бенд и локалниот кривопаланечки бенд „РГБ“, изјави Михајловски.

Рече, како и во изминатиет години, и годинава очекуваат голема посетеност и бројна публика од соседството и регионот.

- На „Џојфест“ секоја година има голем број посетители, љубители на добра музика, а очекуваме така да биде и годинава. Имаме обезбедено доволен број паркинг места, а фестивалот е од отворен карактер и се одржува на градскиот плоштад, така што, сите кои се заинтересирани за добра музика и забава, се добредојдени. Се што треба да понесат е добро расположение и добра волја. Крива Паланка секогаш била добар домаќин, таква атмосфера ветуваме и овој пат, додаде Михајловски.

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, посочи дека се е подготвено за претстојните фестивалски денови во градот, а во соработка со надлежните служби ќе биде воведен и посебен сообраќаен режим.

- Оваа година со одлука на седница на Советот сите локации-јавни површини во близина на плоштадот, достапни за угостители и продажба, беа отстапени на користење бесплатно. Деновиве се уредуваат интензивно и дел од јавните површини во градот за што подобро претставување на општината, со цел привелкување што поголем број туристи и публика и подобро претставување на општината, рече Мицевски. ид/сст/16:14

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...