• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Книжевна вечер со писателката Габриела Бабник

Книжевна вечер со писателката Габриела Бабник

Скопје, 23 август 2018 (МИА) - Романот „Сушен период“ ќе биде во фокусот на вечерашниот книжевен разговор со словенечката писателка Габриела Бабник што го организира издавачката куќа „Готен“.

Разговорот ќе се одржи во книжарницата „Антолог“, а ќе го води Владимир Јанковски. 

Габриела Бабник овој месец е гостин на резиденцијалната програма за писатели и преведувачи на издавачката куќа „Готен“, која е дел од проектот „Читајќи го Балканот“.

Бабник (1979) е писателка, литературна критичарка и преведувачка. Досега има објавено три романи, а нејзините новинарски текстови, книжевни и филмски критики редовно се застапени во неколку словенечки весници и списанија. Родена е во Германија, а студирала компаративна книжевност на Универзитетот во Љубљана, по што заминала во Африка, која станала инспирација за нејзините дела. Магистрирала на тема од современиот нигериски роман. За својот прв роман, „Кожа од памук“, во 2007 година ја добива наградата за најдобра дебитантска книга на Саемот на книга на Словенија, а за третиот роман „Сушен период“ во 2013 година ја добива наградата на Европската Унија за литература. Во 2015 година романот „Сушен период“, во превод на Лидија Аризанкова, го објави издавачката куќа „Антолог“. мч/са/07:41

###

  

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ