• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Со полумаратонска трка се затвора Струмица опен фестивал

Со полумаратонска трка се затвора Струмица опен фестивал

Струмица, 23 август 2018 (МИА) - Со организирање на полумаратонска трка во должина од 21 километри, како и на 5 и 10 километри, ќе се затвори годинашново, седмо издание на Струмица опен фестивал, сооштија денеска на прес конференција организаторите на трката-ЗСК „Југоисток“ и „Културно забавен живот“ од Струмица.

На трката, која ќе се одвива по улиците на Струмица в недела, се очекува да учествуваат 250 атлетичари од земјава и странство.

- За секој учесник е предвиден медал за завршување на трката и награден фонд од 30.000 денари за победниците на полумаратонот. Ја користам приликата да ги поканам сите граѓани да излезат и да дадат поддршка на овој настан, кој ќе го стави нашиот град на светската мапа на градови организатори на вакви големи настани, рече Влатко Манчев од ЗСК „Југоисток“.

Апелираше до граѓаните да ги отстранат своите возила од улиците по кои ќе тече трката заради безбедност на сите и да ги почитуваат упатствата на полицијата и организаторите. рт/сст/14:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ