• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Во Битола почна Фестивалот за современи уметности - АКТО

Во Битола почна Фестивалот за современи уметности - АКТО

Битола, 23 август 2018 (МИА) - Со засадување јавор во паркот пред Офицерскиот дом во Битола и со промоција на проектот „Соларна кујна“, денеска во Битола почна 13. издание на АКТО – фестивал за современи уметности, кој годинава е со фокус тема „Општество во изградба“.

АКТО има пет програми: уметничка програма, музика, агора, за заедницата и воз.

- „Општество во изградба“ значи моментум на поинакви идеи, наспроти нео(и)либералната парадигма, имајќи го предвид наследството на силната социјална компонента на уметноста. „Општество во изградба“ значи сите заедно, со сите гости и програми на АКТО за да се врати полето на слободна мисла и прогресивност, на идеи во чекор со времето и на идеи кои му пркосат на секојдневието, беше речено на свеченото отворање на АКТО во Битола.

Фестивалот се реализира со директна поддршка на платформата „Мрдни со прст“, чија мисија е да се поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и зголемување на вклученоста во решавање на општествените прашања, кои сите не засегаат, бидејќи секоја активност на граѓаните придонесува за поголеми резултати и промени.

Фестивалот АКТО е поддржан и од Министерство за култура, Фондацијата Фридрих Еберт – Македонија и други национални и локални институции и организации. мт/вг/14:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ