Викендов завршува битолското културно лето „БитФест“

Викендов завршува битолското културно лето „БитФест“

Битола, 24 август 2018 (МИА) - Со традиционалната манифестација „Широк сокак во бело“ на која вечер ќе настапи македонската музичка ѕвезда Владо Јаневски, а утревечер познати ди-џеи, во Битола ќе заврши годинешното битолско културно лето „БитФест“.

Изборот на програмските содржин го изврши стручен селекторски тим, а општина Битола издвои 5,24 милиони денари со што се овозможи непречена реализација на културни настани во различни категории кои ги презентираа поединци и организации од градот, државата и странство.

На „БитФест“ синоќа се одржа перформанс под наслов „Жени“ на кој пет храбри жени, говореа за нивната борба со болеста рак на дојка, пренесувајќи лични искуства за траумите и болките што ги преживеале, како и начини за поефикасна борба против рак на дојка.

Вечер на „БитФест“, пред завршната музичка манифестација „Широк сокак во бело“ ќе претходат промоција на книгата „Етнографија и антропологија на Македонците „нашинци“ од македонско-албанското пограничје“ на авторот д-р Мери Стојанова и изложба слики, графики и скулптури „Мал формат“ која во својот ликовен салон ја организира Друштвото на ликовни уметници од Битола.мт/скс/09:33

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...