• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Во Велес се одржа информативна сесија за програмата на „ЕУ за тебе“ насловена „Креативна Европа“

Во Велес се одржа информативна сесија за програмата на „ЕУ за тебе“ насловена „Креативна Европа“

Велес, 24 август 2018 (МИА) - Во Велес денеска се одржа Информативна сесија за програмата на „ЕУ за тебе“ насловена „Креативна Европа“ односно за потпрограмата за култура и медиа.

Билјана Прентоска од Министерството за култура рече дека целта на овој настан е програмата да се приближи до потенцијалните корисници од аудиовизуелниот сектор, културните и креативните сектори односно тие да се подготват за следните повици за аплицирање и да достават проект апликации, со кои би можеле да бидат кофинансирани од Европската комисија при ЕУ.

Тука можат да конкурираат установи од областа на културата, невладини организации, општините, образовните институции и други.

Во областа на медиа, како што информира Владимир Стојчевски, можат да конкурираат продуценти и дистрибутери на филм.

- Има и одредени повици каде што може да се јават и поширок опсег на апликанти, како организирање на филмски фестивали и филмска едукација, тренинзи по темата, а генерално програмата е наменета за аудиовизуелниот сектор на филмските професионалци, појасни Стојчевски.

Заинтересираните можат да ги најдат на страната ced.mk.

Досега програмата била претставена во Куманово, Струмица, Тетово, Охрид и Велес. Претставувањето ќе продолжи во октомври со гостување на излагачите на програмата во Штип и Прилеп. ад/ев/17:03

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ