Во Битола завршува 13. издание на АКТО, фестивал за современи уметности

Во Битола завршува 13. издание на АКТО, фестивал за современи уметности

Битола, 25 август 2018 (МИА) - Последниот ден од АКТО фестивалот на современи уметности ќе биде одбележан со работилници за продукција на електронска музика, дизајн на омоти за музички изданија, а во 19 часот, во паркот на Офицерски дом ќе се одржи музички хепенинг под наслов „Акто земјотрес“.

Претпладнево на фестивалот ќе биде одржана јавна дискусија на тема „Во каков контекст се создава културата?“, со што ќе биде завршен серијалот тематски дискусии и перформанси на кои учествуваа многу соработници на фестивалот и кои како што велат се во функција да градат негово социјално, културно - уметничко и урбано заедништво.

- АКТО годинава го отвори прашањето -Во кој контекст се создава фестивалот и каков контекст тој создава?. Промената на општествено - политичката констелација во земјава отвори серија на прашања, недоумици и фрустрации во сите сфери на јавниот живот. Нетрпеливоста и тешкиот пат на ослободување од напластениот гнев, но и изразените партикуларни интереси проследени со силна пропаганда на успешност, се кочница во сериозната анализа на случувањата и проекциите за иднината. Слабите стратегии на разединетите институции, може повторно да ги заглават потентните нови форми на вонинституционално делување, кои можат да бидат инспирација за многумина.  Културата и уметноста, изманипулирани и разулавени, не соочуваат со основните прашања  – дали ќе дозволиме тие да бидат алатка на лични интереси, национал-клиентелизам и/или либерални стратегии или одлучно ќе овозможиме да свртат друг правец во градење на стабилна и силна социо-културна и уметничка сцена, велат организаторите на фестивалот во Битола.

Фестивалот се реализира со директна поддршка на платформата „Мрдни со прст“, чија мисија е да се поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и зголемување на вклученоста во решавање на општествените прашања.мт/лв/08:17

###

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...