Почина актерот Ванчо Петрушевски

Почина актерот Ванчо Петрушевски

Скопје, 25 август 2018 (МИА) - Актерот Ванчо Петрушевски почина денеска на 67-годишна возраст. 

Од Министерството за внатрешни работи изјавија за МИА дека добиле повик од итна помош за починато лице од струен удар во скопското село Орешани, и оти екипи од МВР се на увид.

Неговите колеги веке се простуваат од него на социјалните мрежи.

Тукушто разбрав дека доајенот на Драмски театар и македонското глумиште, Ванчо Петрушевски, трагично го загуби животот. Почивај во мир Рамче. За комеморацијата и погребот дополнително ќе известиме, објави на својот Фејсбук профил директорот на Драмски театар Сашо Тасевски.

Доајенот на Драмски театар Ванчо Петрушевски е роден во Скопје. По завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. 

Учествувал во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми, серии... Познат е по своите улоги во серијалот Македонски народни приказни.
 
Во 2016 година ја доби државната награда „11 Октомври“ за остварување во областа на уметноста и културата. нд/лв/15:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ