Македонска Каменица и Белица ќе ја интензивираат соработката во областа на културата

Македонска Каменица и Белица ќе ја интензивираат соработката во областа на културата

Македонска Каменица, 26 август 2018 (МИА) - Проектот „Реставрација на места со историско и културно значење и зачувување на материјалното и нематеријалното културно наследство во Белица и Македонска Каменица“ денеска беше претставен во Домот на култура во Македонска Каменица.

Во организација на КИЦ „Романса“, проектот беше претставен пред почетокот на одбележувањето на активностите во рамки на Каменичкото културно лето. Проектот е дел од ИПА програмата на ЕУ и доаѓа по повеќегодишна соработка меѓу КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица и Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ од општина Белица, Република Бугарија.

- Реализацијата на проектот во себе опфаќа реконструкција на зградата од Културниот центар на Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ во Белица и обезбедување опрема за КИЦ „ Романса“ во Македонска Каменица. Проектот е со приближна вредност од 360 илјади евра, при што опремата која ќе се набави за КИЦ „Романса“ е со износ приближен од 60.000 евра, истакна градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменковска.

Во рамки на претходниот проект од ИПА програмата преку Светска банка беа обезбедени дел од средствата за реконструкција на зградата од Домот на култура во Македонска Каменица. 

Како што истакнаа претставниците на двете општини, ова е прв дел од презентацијата на прекуграничниот проект преку кој се овозможува подобрување на условите за искористување на туристичкиот потенцијал на регионот и подобра заштита и одржливо користење на природното и културното наследство. Вториот дел од презентацијата ќе биде во организација на општина Белица и ќе се одржи во текот на наредниот период. вс/мд/19:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...