• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Меѓународна средба на книжевните преведувачи 2018

Меѓународна средба на книжевните преведувачи 2018

Скопје, 27 август 2018 (МИА) - Околу 40 книжевни преведувачи од Македонија и од странство ќе учествуваат на традиционалната Меѓународна средба на книжевните преведувачи 2018, што денеска и утре ќе се одржува во Лешочкиот манастир.

На годинашниот симпозиум на тема „Ритамот на книжевниот превод“ ќе настапат Мехмет Кансу од Турска Република Северен Кипар кој ќе има воведно излагање, Олга Панкина од Русија, Васил Тоциновски, Здравко Божиновски,  Јасминка Делова - Силјанова и Ташко Ширилов, сите од Македонија.

На гробот на преведувачот на народен македонски јазик Кирил Пејчиновиќ ќе биде одржана панихида за отец Кирил Пејчиновиќ.

Во попладневните часови во манстирската црква „Пресвета Богородица“ ќе биде одржан традиционалниот митинг на читање преводна литература. мд/сд/08:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.