Камерниот оркестар на Македонската филхармонија гостува во Казахстан

Камерниот оркестар на Македонската филхармонија гостува во Казахстан

Скопје, 27 август 2018 (МИА) - Камерниот оркестар на Македонската филхармонија од 3 до 9 септември ќе гостува во Казахстан, каде што ќе одржи два концерта во Алмати (5 септември) и Астана (7 септември). 

Камерниот оркестар на Македонската филхармонија ќе го предводи македонскиот диригент, маестро Борјан Цанев, а како солист ќе настапи концерт-мајсторот на Македонската филхармонија, истакнатата виолинистка Анна Кондратенко. На програмата ќе бидат изведени: „Дивертименто“ од Моцарт, свитата „Холберг“ од Григ, избор од двете дела „Четири годишни времиња“ од Вивалди и Пјацола, како и македонското дело „Капричо“ од Драган Шуплевски, соопшти Македонската филхармонија.

- Ова гостување ќе биде предвесник на следните две големи турнеи кои Филхармонијата ќе ги оствари со симфонискиот оркестар во Шпанија и во Кина, но и предвесник на нашата нова концертна сезона, вели директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески.

Гостувањето на Камерниот оркестар на МФ се остварува со логистичка поддршка на Амбасадата на Република Македонија во Астана, а по повод Денот на независноста - 8 Септември.сст/са/12:11

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ