• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Најсилно и најмоќно издание на Струмица опен фестивал досега, оценија организаторите

Најсилно и најмоќно издание на Струмица опен фестивал досега, оценија организаторите

Струмица, 27 август 2018 (МИА) - Позади нас се настаните од оф програмата, со кои од 4 јули до 4 август го направивме најсилното и најмоќно издание на „Струмица опен фестивал 2018“, оцени денеска на прес-конференција Томи Печков од здружението „Културно забавен живот“ кое беше организатор на манифестацијата.

Печков додаде дека буџетот за целосната двомесечна забавна, спортска и културно-уметничко програма изнесува над 220 илјади евра, односно над 13,5 милиони денари.

- Во делот на сите седум години од постоењето на манифестацијата, општина Струмица е главен покровител. Како што е праксата низ годините, Советот на општина Стрмица издвои 50 илјади евра за поддршка на настаните на годинашното издание на Струмица опен фестивал. Годинава, фестивалот беше поддржан и од Министерството за култура за дел од настаните од национален интерес, рече Печков.

Врз основа на сумираните забелешки и коментари, како што рече Печков, ќе се гради концептот на наредното издание, а деталите околу терминот на одржувањето и програмата на „Струмица опен фестивал 2019“ ќе бидат соопштени до крајот на годината. рт/бак/15:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...

Берт Рејнолдс и оставил се на својата внука

Актерот Берт Рејнолдс, кој неодамна почина во Флор...