• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Адеми се сретна со претседателот и членовите на Комисијата за основање театар во Гостивар

Адеми се сретна со претседателот и членовите на Комисијата за основање театар во Гостивар

Скопје, 27 август 2018 (МИА) - Министерот за култура Асаф Адеми денеска се сретна со иницијаторската група, т.е. Комисијата за основање театар во Гостивар.

На средбата, како што соопшти Министерството за култура, присуствувале и режисерот Сулејман Рушити, претседател на Комисијата, како и Берат Салиу и Арѓент Хасани, членови на Комисијата.

Било договорено до 30 септември Комисијата да изготви информација до Владата на Република Македонија за потребата за основање на оваа институција.

Министерот Адеми изразил подготвеност да помогне на оваа иницијатива, изразувајќи ја добрата волја за нејзино реализирање. рп/сд/16:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ