Меѓународно поетско читање на СВП во Даут пашин амам

Меѓународно поетско читање на СВП во Даут пашин амам

Скопје, 27 август 2018 (МИА) - Меѓународно поетско читање во рамки на Струшките вечери на поезијата, се одржа вечерва во Даут пашин амам во Скопје.

Во рамки на неформалните активности на 57. Струшки вечери на поезијата, по денешното матине на Матка, вечерва во Даут пашиниот амам 20-тина поети учествуваа на меѓународното поетско читање.

Меѓу нив е и годинешниот добитник на Златниот венец, полскиот поет Адам Загајевски, како и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2018 година, Зоран Анчевски.

Годинава на СВП учествуваа 30 странски поети од исто толку земји. Освен горенаведените награди, фестивалот заедно со УНЕСКО ја додели и Мостови на Струга, за најдобра дебитантска книга на млад поет од странство, признание што го доби Паули Тупио од Финска. 

Меѓународното поетско читање е последен настан од годинашните Струшки вечери на поезијата.

Официјалниот ден на 57. издание на СВП заврши синоќа со врачувањето на наградата „Златен венец“ на полскиот поет Адам Загајевски. нд/бк/21:55

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...