• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Одбележана педесет годишнината од смртта на Антон Панов

Одбележана педесет годишнината од смртта на Антон Панов

Струмица, 28 август 2018 (МИА) - Пред бистата на Антон Панов (1906-1968) во истоимената Национална установа Центарот за култура, денес беше одбележана 50 годишнината од смртта на еден од најпознатите македонски драмски автори.

За животот и делото на Антон Панов зборуваше драматургот во струмичкиот театар, Ацо Гогов.

-Иако има поминато половина век од неговата смрт, сепак преку оваа установа, Центарот за култура „Антон Панов“, тој продолжува индиректно да живее. Кога повторно го препрочитувате делото на Антон Панов, кое до ден денешен не е објавено интегрално, дело кое не е обемно и кое е различно по својата естетска вредност, ќе видите дека Панов се зафатил со многу проблеми, со многу аспекти на живеачката кои се неверојатно актуелни и денес, рече драматургот Гогов.

Пред бистата на Антон Панов цвеќе положија претставници на Советот на општина Струмица, на Центарот за култура и тетарот и членови на семејството. рт/бк/11:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...