Голем одѕив на граѓаните на крводарителската акција во Домот на АРМ

Голем одѕив на граѓаните на крводарителската акција во Домот на АРМ

Скопје, 28 август 2018 (МИА) - Деведесет лица за неполни два часа денеска даруваа крв, во рамки на акцијата,што по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, во Домот на Армијата ја организираат Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија. Акцијата почна во 9 часот, а ќе трае до 17 часот.

Секретарот на општинската организација на Црвениот крст Центар, Валентина Колевска изјави дека на првата крводарителска акција во 2003 година имале 146 дарувања, а минатата година 210 дарувања. Според неа, за 15 години има импозантна бројка од 3.444 дарувања или 230 дарувања во просек годишно. Таа ги повика хуманите граѓани на град Скопје да даруваат крв.

Миленка Благоевска, раководител на Одделение за прибирање крв во Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија, рече дека на дневно ниво потребите на државните и приватните болници изнесуваат околу 150 единици, што значи толку единици треба да соберат од сите крвни групи.

- На годишно ниво се прибираат од 52.000 до 55.000 единици крв. Во текот на целата година имаме доволни количини крв од сите крвни групи. Некогаш се случува да недостига одредена крвна група која е поретка и затоа апелираме до граѓаните да не даваат лични апели, туку сето тоа да оди преку Институтот за трансфузиона медицина. И да недостига крв кај нас можеме за два часа да обезбедиме крв од Битола, Штип, Велес, каде ја има одредената крвна група, посочи Благоевска.

Крводарителска акција1Укажа и на еден друг вид крводарување наречено автологно дарување (кога во одредени ситуации може сам за себе да дарувате крв и да ја примите сопствената крв). За ваквото крводарување, потенцира, граѓаните и медицинските работници се недоволно информирани. 

- Значи за ортопедски, неврохирушки операции, па дури и кардиохирушки операции може некој да дарува крв сам за себе, дури и со малку понизок хемоглоблобин од вообичаениот и да ја прими сопствената крв. Станува збор за операции кои треба да се извршат после две недели, месец дена, затоа што комплетната крв и еритроците стојат до 42 дена на фрижидерска температура, а плазмата стои смрзната со години, потенцира Благоевска.

Таа рече дека крв може да даруваат не само лица на возраст од 18 до 65 години, туку и меѓу 17 и 18 години, за што треба писмена согласност од родител или старател.

- Пред две години имавме комисија од Европа која констатира дека нашето население е добро ухрането и препорача сите дарувања да бидат во кеса од 450 милилитри, а ние земаме 400 милилитри. Со пиење течности крвта многу брзо, за 24 часа, се надоместува, а еритроцитите се надоместуваат за месец и половина до два. Според европската регулатива, на два месеци може да се дарува крв. Се уште имаме своја законска регулатива која веројатно ќе треба да се хармонизира со европската и жените да даруваат на четири месеци, а мажите на три месеци, рече Благоевска.

Појасни дека на тој што сака да дарува крв му се врши мини лабораториски лекарски преглед, пополнува прашалник и дава писмена согласност дека самиот одлучува да дарува крв и дека тие податоци се искрени.

Одговарајќи на новинарско прашање истакна дека во Македонија само 15 до 18 отсто од жените даруваат крв, а мажите 82 отсто до 83 отсто.

- На возраст до 25 години крв даруваат од 20 до 25 отсто, а најмногу крв даруваат лица на возраст од 25 до 50 години...Сите кои се чувствуваат здрави и што имаат храбро срце треба да даруваат крв. За дарителство човек треба да има добра желба и добро здравје, додаде Благоевска. рп/сд/12:43

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...