• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

„Џифони Македонија“ отвори повик за пријавување за шестото издание

„Џифони Македонија“ отвори повик за пријавување за шестото издание

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ отвори повик за пријавување на 650 учесници за шестото издание на фестивалот што ќе се одржи од 6 до 11 октомври во Младинскиот културен центар, Кинотеката на Македонија, кино „Милениум“ и на уште неколку локации во Скопје. Темата на годинашното издание на фестивалот е вода. 

На фестивалот се поканети и млади учесници од 16 држави од Европа кои заедно со младите од Македонија ќе го сочинуваат меѓународното жири распределено во три категории според возраста. Тие заедно ќе гледаат филмови, ќе дискутираат на темите претставени со филмовите, ќе учествуваат во 11 различни работилници, ќе се дружат и ќе се забавуваат.

Десет учесници од Македонија кои најмногу ќе се истакнат со своите елоквентни дискусии и активности за време на фестивалот, ќе патуваат во Италија во јули 2019 како македонски претставници на најголемиот фестивал за млади „Giffoni Experience“.

Заинтересираните можат да преземат пријава за учесници од основните и средните училишта на следниот линк https://goo.gl/nFJe7x

Џифони Македонија е во потрага по волонтери, ентузијасти кои би сакале да се приклучат и да бидат дел од тимот на фестивалот. Кандидатите пожелно е да познаваат англиски јазик и да имаат желба за дружење со млади луѓе од преку 15 земји од Европа. Пријава за волонтери може да се преземе од линкот www.goo.gl/q9wJkY

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ како гранка на фестивалот „Giffoni Experience“ веќе шест години опстојува и работи на развој на филмската култура и неформалното образование кај младите генерации во Македонија, со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија и најголемиот фестивал за млади „Giffoni Experience“ од Италија. мд/сд/12:04

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ