Солистички концерт на Ева Богоевска во Американската катедрала во Париз

Солистички концерт на Ева Богоевска во Американската катедрала во Париз

Скопје, 30 август 2018 (МИА) - Македонската виолинистка Ева Богоевска на 2 септември ќе одржи солистички концерт во Американската катедрала во Париз, која е реномирана адреса специјализирана за настапи на класична музика. 

Пијано соработник на концертот ќе биде македонската пијанистка Весна Ангелова-Христов, а на програмата ќе бидат застапени дела од Моцарт, Бетовен и Сен Санс.

Солистичкиот концерт на Богоевска во Париз се реализира со поддршка на Министерството за култура.  

За време на престојот во Париз, македонските уметници ќе бидат примени и од македонската амбасадорка во Франција, Јадранка Чаушевска Димов.  

Концертот на Богоевска во Париз следува по минатогодинешниот настап во Карнеги Хол во Њујорк каде настапи како првонаградена на Интернационален натпревар за класична музика и по концертот во театарот Марчело во Рим.

ева богоевска

 

Ева Богоевска е студент на Факултетот за музички уметности во класата на проф. Олег Кондратенко. Има освоено повеќе меѓународни награди како прво место на фестивалот Сан Ремо-Јуниор, Италија (2012), лауреат од прв степен на Меѓународниот фестивал за класична музика во Санкт Петербург, Русија (2014), Гранд при на Интернационалниот фестивал за класична уметност и култура во Ерусалим, Израел (2016) и прва награда на Интернационалниот натпревар за класична музика во Њујорк каде во нејзината категорија учествуваа над 200 натпреварувачи од светот.

ева богоевска

 

Има настапувано повеќе пати како солист со Македонската Филхармонија и со Националниот оркестар на Операта и Балетот во Хо Ши Мин, Виетнам. Како солист има настапувано и во Словачка, Малезија, Израел, Унгарија, Австрија, Чешка, Русија, Италија, Виетнам, САД и во Македонија. бак/сд/11:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дени де Вито на фестивал во Шпанија добитник на наградата за животно дело на

Американскиот актер Дени де Вито е добитник на наг...

Порномодел ги продава старите силикони за да си купи нови

Британскиот порно модел Тејлор Роуз ги постави сво...

Ел Макферсон во врска со разведен татко на четири деца

Светски познатиот модел Ел Макферсон која неодамна...

Емилија Кларк на невообичаен начин се опрости од серијата „Игра на тронови“

Британската актерка Емилија Кларк на невообичаен н...