Во Прилеп почна 7. „Џез викенд фестивал“

Во Прилеп почна 7. „Џез викенд фестивал“

Прилеп, 31 август 2018 (МИА)  - Со настапот на „Кеко Форнарели Трио“ од Италија синоќа на камерната сцена во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп беше отворен 7-от по ред интернационален  “Џез викенд фестивалот“. Побликата на летната сцена од Домот на културата уживаше и во изведбите на џез уметниците на скопската група „Фиарс“ и на извонредниот македонски џез музичар Владимир Четкар.    

Фестивалот, што ќе се одржува до сабота, ќе понуди богата програма и врвна џез музика на гостите од Грција, Германија, од Србија, Македонија.

-Целта на овој фестивал е промоција и популаризација на џезот и на уметноста на импровизирана музика во Македонија. Во изминатите шест години низ фестивалот поминаа доста музички имиња од повеќе земји од Европа и од нашата држава, кои оставија значаен белег во креирањето на фестивалската историја која ја испишуваме и кои извршија силно влијание врз домашната џез публика. Фестивалот со својата разноликост и ненаметливост постигнува реноме во регионот, вели Снежана Ристеска од прилепската локална самоуправа која е организатор на фестивалот.

Џез фестивал Прилеп мала

Публиката смета дека е востановена џез културата во градот која има традиција.

Кеко Форнарели од Италија, чие трио го отвори Фестивалот прв пат е во Македонија.

- Верувам дека со публиката ќе уживаме во џез-музиката. Овој регион нуди интересна музика. Имаме веќе пет албуми и за шест години сме гостувале во 42 земји. Сакам повторно да настапувам овде во македонија, вели Форнарели.

За прилепскиот градоначалник Илија Јованоски Фестивалот си создаде своја публика и овој е последен од петте фестивали годинава.

- Фестивалската програма за годинава ја заокружуваме со Џез фестивалот. Почнавме со карневалот „Прочка“, потоа со македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, па Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, потоа со „Пивофест“ и последен на програмата за годинава е Џез фестивалот, изјави Јованоски.

Годинава фестивалот нуди интересна програма, која е комбинација на медитеранскиот, врвен балкански и македонски џез. Вечер, публиката ќе може да ужива во настапите на Јордан Костов и „Шангај Интенс“, на „Палете Ансамблот“, односно „Сократис Воцкос Квартет“, а вечерта ќе ја затвори бендот на Васил Хаџиманов. Последниот фестивалски ден, сабота, е резервиран за Јаков Дренковски, французите „Ле Бал Пури“ и српската група „Деца Лоших Музичара“.

Истовремено, фестивалот ја задржува традицијата да нуди и “оф“ програма, која ќе се одржи утре, вторник 28 август, среда 29 август и во недела. 2 септември, во кафетериите „Сидро“, „Џез клуб Тејк фајв“ и во „Резиденс“ во село Плетвар. Во тие рамки, љубителите на џезот ќе можат да ги проследат настапите на Дамир Имери Квартет“, „Флинстоунс Џез Трио“ и „Летечки Пекинезери“.ем/сд/08:15

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...