• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Весникот „Илинден” достапен во Националните библиотеки на Македонија и Албанија

Весникот „Илинден” достапен во Националните библиотеки на Македонија и Албанија

Дебар, 2 септември 2018 (МИА) - Весникот „Илинден“ единствен печатен медиум на македонски јазик во Албанија, веќе е достапен  и во националните библиотеки во Скопје и во Тирана.

- Сите броеви на весникот веќе се наоѓаат и во Национална библиотека во Тирана, Националната и универзитетска библиотека (НУБ) “Св. Климент Охридски” во Скопје и Библиотеката на Институтот за старословенска култура - Прилеп. Тоа за нас како редакција е многу битно, бидејќи станува збор за значајни институции кои ги посетуваат многу посетители а имаат и редовни членови, вели главниот и одговорен  уредник Никола Ѓурѓај.

Весникот, додава Ѓурѓај, кој за првпат беше испечатен како двоброј во март 2011 година, излегува еднаш на два месеци, а веќе една година има и електронско изадание и е достапен на интернет преку порталот www.vesnik-ilinden.com.

- Тој e глас за животот, културните и верските обичаи на македонското национално малцинство во Албанија. Македонците во Албанија се информираат преку печатената верзија, што се дистрибуира во областите во Албанија, населени со етнички Македонци: Голо Брдо, Гора, Мала Преспа и Врбник, како и во поголемите градови во кои живее македонско население како Тирана, Драч, Елбасан, Поградец, Корча, Билишта, Кукс, нагласува Ѓурѓај.

Електронското издание е побогато има секојдневно информации за настани поврзани со  Македонците во Албанија, за настани во Албанија и во Македнија, како и за Македонците на Блаканот, во Европа и во светот.

Ѓурѓај посочува дека со сериозниот пристап,објективната и навремена информација весникот има се поголем број читатели  не само во Албанија, туку насекаде каде што живеат Македонци. вт/сст/14:11

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ