• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Заврши „Џез фестивалот“ во Прилеп

Заврши „Џез фестивалот“ во Прилеп

Прилеп, 2 септември 2018 (МИА) - Со синоќешните настапи на македонскиот виртуоз Јаков Дренковски, на Французите „ЛеБал Пури“ и на српската група „Деца Лоших Музичара“ во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, заврши 7. Интернациоалниот џез- фестивал „Прилеп - Џез викенд”.

Изминатите три дена на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков” публиката проследи настапи на повеќе од 12 бендови со 40 звучни домашни и странски имиња од светот на џез-музиката. 

Музичарот Јаков Дренковски вели дека е под големи импресии и дека оваа музика опушта. 

- Под импресии сум. Се чувствува треперењето во мојот глас зошто вечерва ќе бидат многу мои пријатели. Благодарен сум му на организаторот што вложи напор да стапиме во контакт и да бидам дел од ова што се случува вечерва во Прилеп. Оваа е музиката која опушта и кога човек ќе реши да ја слуша навистина ужива во неа. Затоа слушајте џез, рече Дренковски.

Музичарите од францускиот бенд „ЛеБал Пури“ првпат се во Македонија и велат дека се воодушевени.

- Доаѓаме од Франција. Прв пат сме во Македонија, пристигнавме во петокот и имавме можност да го почувствуваме духот на Фестивалот. Видовме три прекрасни концерти, кои навистина беа различни, со различни видови џез и импровизирана музика и навистина сме воодушевени. Очекуваме и вечерва да си поминеме убаво. Ова е ново доживување не само за џез музиката, туку и ние откривме нова земја и култура, изјавија музичарите од „ЛеБал Пури“.

Фестивалот завршува денеска со „оф“ програмата во „Резиденс“, во селото Плетвар.

Со овој „Џез викенд“ општина Прилеп ја заокружува годинашната фестивалска програма. Ги организираше петте големи фестивали: „Прочка“, МТФ „Војдан Чернодрински“, Фестивалот на народни инструменти и песни „пеце Атанасовски“, „Пивофест“ и  Фестивалот на џез музиката. ем/мч/16:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...