• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Венко Андоновски на Саем на книгата во Москва и на книжевен портрет во Јасна Полјана

Венко Андоновски на Саем на книгата во Москва и на книжевен портрет во Јасна Полјана

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) - Македонскиот кандидат за престижната Толстоева награда за книжевност во категоријата на странска книжевност (со уште 34 светски познати писатели), Венко Андоновски, ќе има свое претставување на претстојниот Саем на книгата во Москва, со книгата „Азбука за непослушните“, преведена на руски јазик од Олга Панкина.

На 8 и 9 септември, во Јасна Полјана е предвиден и негов книжевен портрет, на кој ќе говори Евгениј Водолазгин, истакнат современ руски прозаист, кој и го номинираше романот „Папокот на светот“ за престижната светска награда.

Со номинацијата, Андоновски е еден од двајцата писатели од сите словенски книжевности (покрај Драго Јанчар од Словенија), кој се најде во друштво на далеку пославни светски конкуренти: Каѕуо Исигуро и Јан Мекјуан од Велика Британија, Тони Морисон и Мајкл Канингем од САД, Џонатан Литл од Франција, Амос Оз од Израел, Маргарет Етвуд од Канада, неколку важни автори од Германија и од многу поголеми јазични средини.

Добитникот на наградата ќе биде соопштен идниот месец. рп/са/10:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...