Претстава „Светица на темнината“ вечер во Драмски театар

Претстава „Светица на темнината“ вечер во Драмски театар

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) - Претставата „Светица на темнината“ во продукција на „Б Глад“ од Загреб ќе биде изведена вечер во 19 часот на сцената на Драмскиот театар во Скопје, во рамки на манифестацијата „Денови на Мајка Тереза“.

Претставата е работена по текст на Венко Андоновски, а главната улога ја има хрватската актерка со македонско потекло Костадинка Велковска.

Претставата е во режија Ивана Пренош. Костимографијата е на Дорис Крстиќ, музиката на Аноушка Шанкар и Игор Д. Савин. Улогите ги толкуваат и: Миа Крајчар, Велимир Чокљат, Илир Тафа, Шишко Хорват, Мајцан Шанкар, Љиљана Чокљат и Дубравко Сидор.

Билетите за оваа претставата се бесплатни и може да се подигнат на билетарницата на Драмски театар. рп/са/11:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...