• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Шипинкаровски добитник на признанието „Аполон“ во Сремска Митровица

Шипинкаровски добитник на признанието „Аполон“ во Сремска Митровица

Струга, 5 септември 2018 (МИА) - Струшкиот писател Петко Шипинкаровски е добитник на меѓународната награда „Аполон“, што ја доделува градот Сремска Митровица.

Наградата, како што стои во образложението на жири-комисијата, се доделува како резултат на убавото пишување и афирмацијата на пишаната реч. Признанието ќе му биде врачено на 6 ноември во рамките Номвриските празнувања на општината во Сремска Митровица.

Добитници на „Аполон“, покрај Шипинкаровски се и писателите Елка Њаголова од Варна, Бугарија и Срѓан Малешевиќ од Шид, Србија и почесниот конзул на Република Србија во Ерменија, Бапкен Симоњан.

Наградата се состои од Повелба, односно диплома и фигура со главата на Богот Аполон излеана во бронза, како прототип на оригиналот што е пронајден крај тврдината на античкиот град Сирмијум, денешна Сремска Митровица.

Наградата „Аполон“ на градот Сремска Митровица е востановена во 1989 година. Се доделува за остварувањето во книжевноста и литературата.

Петко Шипинкаровски е член на Друштвото на писателите на Македонија, почесен член на Друштвото на писателите на Србија, надворешен член на Сојузот на независните пистеле на Бугарија и член на МНД од Битола. Добитник е на многубројни награди и признанија во земјава и странство. сс/са/12:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...