• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Македонистите размислуваат и за репутацијата на Македонија

Македонистите размислуваат и за репутацијата на Македонија

Скопје, 6 септември 2018 (МИА) – Македонија во светскиот печат е позната само по спорот за името со Грција, посочи неодамна Алекс Севињи од Универзитетот „Мек Мастер“ во Канада, инаку близок соработник на канадскиот премиер Џастин Трудо, во својот реферат со наслов „Македонија на насловните страници: медиумска анализа и анализа на репутацијата“.

Анализата на Севињи укажа дека Владата треба да ја подобри репутацијата на државата во светските медиуми преку формирање служба за односи со меѓународната јавност, чија првенствена цел ќе биде грижа за претставата што странците ќе ја стекнат за Македонија.

Севињи беше еден од осумнаесеттемина учесници на јубилејната, Десетта македонско-северноамериканска конференција за македонистика во Охрид.

На конференцијата зедоа учество еминентни научни работници од Канада, САД и Македонија, кои изложија реферати од областите лингвистика, литература, културологија, историја, комуникологија, глобални студии.

Меѓу нив беа Ендрју Граан од Универзитетот во Хелсинки, Финска, кој се осврна на кичот, капитализмот и урбаната обнова на Скопје преку проектот Скопје 2014 и Грејс Филдер од Универзитетот на Аризона во Тусон, која зборуваше за метајазичните димензии на македонско-бугарскиот договор за пријателство и на тој начин покажа дека политичките случувања во земјава се интересни и за лингвистичко набљудување.

Свои реферати изложија и Кит Браун, Елени Бужаровска, Кристина Крамер, Марија Кусевска, Виктор Фридман, Калина Малеска, Марјан Марковиќ, Лилјана Митковска, Димитар Пандев, Елена Петроска, Кетрин Рудин, Симон Саздов, Лидија Тантуровска, Станислава Сташа Тофоска, Зузана Тополињска и Владимир Цветкоски.

Македонско-северноамериканската конференција за македонистика се одржува секоја трета година наизменично, во САД или Канада и во Република Македонија.

Годинава научниот собир беше во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и под покровителство на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. мр/сд/11:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...