Изложба „Мотиви од Куманово и Кумановско“

Изложба „Мотиви од Куманово и Кумановско“

Куманово, 6 септември 2018 (МИА) - Изложба насловена „Мотиви од Куманово и Кумановско“ ќе биде отворена вечерва со почеток во 20 часот во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Кумановци ќе имаат можност да разгледаат над триесетина дела работени во техниката масло на платно.

Сликарскиот ракопис на авторот е јасен, појаснува историчарот на уметност од кумановскиот Центар за култура, Роберт Цветковски. Публиката ќе има можност да разгледа дела во кои има мотиви од пејзажи од кумановскиот крај и екстериери на стари куќи од градот Куманово.

Делата на Трајковски го документираат богатството на Куманово и Кумановско преку високо софистициран визуелен приказ.

Трајковски со ликовна уметност се занимава неколку децении. Кон крајот на деведесетите учествува на бројни групни колонии,а реализирал и самостојни во Македонија и државите од Балканот. ам/аа/17:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...