Во Битола празнична ликовна изложба „Магијата на Монмартр“

Во Битола празнична ликовна изложба „Магијата на Монмартр“

Битола, 7 септември 2018 (МИА) - Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола, вечер во културниот центар „Магаза“ ќе ги претстави најдобрите ликовни творби од годинешната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.

Раководителот на студиото, Коста Хаџи Антоновски истакна дека со оваа меѓународна ликовна изложба продолжува традицијата, во предвечерието на Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, во Битола да биде приредена празнична изложба „Магијата на Монмартр“. 

- Оваа година во ист ден и во ист час ќе отвориме две ликовни изложби на кои ќе бидат претставени најдоби ликовни дела од колонијата што пролетоска се одржа во Битола и Охрид. Првата изложба ќе биде отворена вечер во 20 часот во битолската „Магаза“, а втората во истовреме ќе биде отворена во главниот руски град Москва, во Академијата за акварели и ликовни уметности на Сергеј Андријанов. Со оваа одлука сметавме дека уште повеќе се интернационализираат културните вредности, посочи Хаџи Антоновски.

На изложбата „Магијата на Монмартр“ доминираат ликовни творби со мотиви од старата македонска архитектура и пејзажите во Македонија. мт/цр/08:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ