• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Следната недела ќе биде доделена наградата „Антево перо“

Следната недела ќе биде доделена наградата „Антево перо“

Скопје, 7 септември 2018 (МИА) - Жири комисијата за доделување на наградата „Антево перо“ во текот на следната седмица ќе го соопшти наградениот авторски наслов, а во најтесен избор се стихозбирките „Читање на времето“ на Михајло Свидерски, „Кумова слама“ на Славе Ѓ. Димоски и „Соголен јазик“ на Марина Мијаковска.

Жири комисијата во состав Венко Андоновски (претседател), Кристина Николовска, Митко Гогов, Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), на вчерашниот состанок констатираше дека од листата на десетте стихозбирки кои влегоа во поширока конкуренција, три поетски наслови посебно се издвојуваат со нивниот квалитет.

- Комисијата по темелно разгледување на ракописите и детална дискусија околу вредностите на пристигнатите дела во најтесен избор за наградата ги избра следните стихозбирки: „Читање на времето“ на Михајло Свидерски, „Кумова слама“ на Славе Ѓ. Димоски и „Соголен јазик“ на Марина Мијаковска. Редоследот нема вредносно значење, соопшти Жири комисијата за доделување на наградата „Антево перо“. вј/са/09:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ