Ликовна изложба „Магијата на Монмартр“ за Денот на независноста

Ликовна изложба „Магијата на Монмартр“ за Денот на независноста

Битола, 8 септември 2018 (МИА) - Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ од Битола синоќа во пресрет на Денот на независноста на Република Македонија ги претстави најдобрите ликовни творби од годинашната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.

Во културниот центар „Магаза“ изложени се дела сликани во Битола и Охрид инспирирани од старата македонска архитектура и пејзажите во битолскиот и охридскиот регион.

Изложбата ја отвори Татјана Крнчева, член на Советот на општина Битола, која посочи дека детската ликовна колонија е препознатлива насекаде во светот, а пак директорката на битолскиот Музеј, Мери Стојанова во своето обраќање истакна дека празникот во Битола се слави на најдостоинствен начин.

Оваа година во ист ден отворени се две ликовни изложби на кои се претставени најдобри ликовни дела од колонијата што се одржа пролетва во Битола и Охрид. Првата изложба беше отворена синоќа во битолската „Магаза“, а втората, во истовреме во главниот руски град Москва, во Академијата за акварели и ликовни уметности на Сергеј Андријанов. мт/бак/08:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ