• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Во Велес концерт на староградски песни по повод Денот на независноста

Во Велес концерт на староградски песни по повод Денот на независноста

Велес, 8 септември 2018 (МИА) - Во организација на општина Велес синоќа во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес се одржа концерт на староградски македонски песни.

На концертот учествуваа домаќините, ансамблот „Распеани велешани“ и ансамблите „Распеани гевгеличани“, „Распеани радовишани“ и „Распеани валандовчани“. 

Сите овие реномирани ансамбли од државата настапија со сплет стари и понови староградски македонски песни.

Концертот се одржа по повод 8 Септември- Денот на независноста на Република Македонија. ад/мд/10:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ