• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Книжевен разговор со писателката Тања Ступар-Трифуновиќ

Книжевен разговор со писателката Тања Ступар-Трифуновиќ

Скопје, 9 септември 2018 (МИА) - Книжевен разговор со писателката Тања Ступар-Трифуновиќ ќе се одржи денеска во Музејот на современа уметност во Скопје во рамки на книжевниот фестивал „Друга приказна“. Разговорот ќе го води Владимир Јанковски. 

Тања Ступар-Трифуновиќ во септември е гостинка на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа „Апсолутно модерен“.

Тања Ступар-Трифуновиќ (1977) е родена во Задар. Дипломирала српски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Бања Лука. Пишува поезија, проза, колумни и книжевни критики. Нејзината поезија е наградувана и преведувана на англиски, француски, германски, полски, словенечки, дански и македонски јазик. Застапена е во повеќе антологии и избори од поезијата и прозата. За романот „Часовниците во мајчината соба“ во 2016 година ја добива наградата на Европската Унија за литература. Живее во Бања Лука.

Разговорот со Тања Ступар-Трифуновиќ е дел од книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа „Апсолутно модерен“, програма која се реализира под покровителство на Европската мрежа за превод и книги Традуки. рп/08:17

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ