• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

За првпат се реевидентираат иконите во прилепско

За првпат се реевидентираат иконите во прилепско

Прилеп, 9 септември 2018 (МИА) - Прилепскиот „Завод и музеј“ годинава интензивно работеше на првата реевиденција на иконите, фрескоживописот и архитектурата на црквите и манастирите во Прилепско.

Досега е направена реевиденција на ова богатство во црквите и манастирите во 46 села во прилепско и се реевидентирани 611 икони.

Според Мимоза Христоска, кустос-советник во Музејот и која раководи со проектот, културното богатство е огромно, потекнува од 16,17, но главно од 19 век со еден доминантен прилепски зограф.

- Годинава работевме на реевиденција на богатото културно наследство во 46 прилепски села. Во селата се вкупно евидентирани 611 икони. Во градот Прилеп бројот на иконите е многу поголем. Со тоа ќе се занимаваме в година. Црквите потекнуваат од 16,17 а најголемиот број се од 19-иот век. Интересен е фактот што во овој регион, главно, слика последниот зограф, прилепчанецот Јован Атанасов. Затоа прилепскиот музеј има намера да ги собере сите икони и да се направи една публикација на сликарскиот опус на овој зограф. Тоа е големо културно богатство, вели Христоска.

Реевидентирање икони во прилепскоЗа жал барем 1200-ина икони се во катастрофална состојба.

- Дел од евидентираните, мора да речеме, не се во добра состојба. Барем 100-ина икони. Затоа е итно потребна евиденција на тие икони за кои е неопходна реставрација и конзервација. Во лоша состојба е и фрескоживописот во тие цркви поради, главно, протекувањето од покривите на црквите, а самите луѓе имаат мала можност да направат некои интервенции. Затоа Прилепскиот музеј стои на располагање. Стручните лица стојат на располагање за совети, да се направи дренажа на црквите за да се заштити културното богатство, појасни Христоска.

Од друга страна пат, нема кражби на икони барем последните 10 години. Се крадат само пари.

- Последните 10 до 12 години нема кражби на икони на оие територии, бидејќи самите црковни одбори кои се грижет за црквите си имаат поставено алармни системи, анализира Христоска.

Во 2019 година ќе има проект за конзервација на фрескоживописот и на иконите. реевиденцијата пак, ќе се насочи главно во Прилеп каде е големо богатство.

- Во меѓувреме се работи на конзервацијата. Во тек е конзервацијата на фрескоживописот во манастирската црква во Зрзе и во манастирската црква „Свети Никола“ во Мариово. Проектот за реевиденција продолжува и в година. Во 2019 година останува реевиденцијата на иконите и фрескоживописот во црквите кои се во самиот град Прилеп. Богатството е огромно. Само за пример, најстарата прилепска црква „Свето Благовештение“ располага со преку 150 икони. Според тоа може да се констатира дека е голем о културното богатство во останатите 7 прилепски цркви, рече Христоска.

Овој обемен процес на реевиденција на иконите и фрескоживописот е веќе четиригодишен. За две години направена е реевиденцијата на иконите, фрескоживописот и архитектурата во Долненско, Мариовско, во Крушевско и во Кривогаштанско каде се работеше во црквите и манастирите во 82 населени места. ем/рп/13:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...