• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Отворена изложбата на дела од годинашнава Меѓународна струмичка ликовна колонија

Отворена изложбата на дела од годинашнава Меѓународна струмичка ликовна колонија

Струмица, 12 септември 2018 (МИА) - Синоќа во Изложбениот салон на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица беше отворена традиционалната изложба на дела создадени на 55.Меѓународна струмичка ликовна колонија.

Раководителот  на Колонијата, Александар Филев истакна дека  од 1 до 12 август се создадени нови педесетина дела од 16 ликовни уметници од Македонија, Полска, Бугарија, Романија, Турција, Србија, Чешка и Украина.  Со тоа фондот на ликовни дела е зголемен на повеќе од 2.600, а тука се и 60-тина мозаици од Студиото за мозаик кое работи веќе 25 години во рамките на Ликовната колонија.

Изложбата ја отвори градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој им честита на ликовните творци и им се заблагодари за збогатувањето на големата ликовна збирка на Струмица.

-Ако се знае дека уметноста е продукт на нашата желба за убавината и вистината, но и од сознанието дека двете нешта не се истоветни, тогаш да ја побараме убавината во изложените дела, но и да ја замислиме вистината, таква каква што ја посакуваме, истакна градоначалникот Јаневски.

Тој на отворањето на изложбата доби портрет насликан за време на одржувањето на ликовната колонија од уметникот Радослав Ангелов Костов од Бугарија.

Отворањето на изложбата беше во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Струмица -11 Септември. рт/сст/08:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ