• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Упис за театарска едукација во детското драмско студио „Сцена“

Упис за театарска едукација во детското драмско студио „Сцена“

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - До октомври трае уписот за театарска едукација која Детското младинско драмско студио „Сцена“  ја организира  трета година по ред. Едукативниот процес трае девет месеци, поделен во два семестра во кои младите актери работат на две претстави кои премиерно се изведуваат во некој од театрите во Скопје.

„Сцена“ соопшти дека се обидува преку театарот и театарската игра да развие сегменти кои им го менуваат животот на децата и за таа цел програмата содржи комуникација, социјализација, имагинација и културната едукација.

- Програмата е пресликана од факултетските програми за театар, меѓутоа адаптирана на возраста, со конкретни методи за работа со деца и младинци. Часовите се само поттик и правилен патоказ за справувањето со тремата, со јавното говорење, со покажувањето емоција пред аудиториум, изјави Теа Беговска, театарски режисер и меѓу главните едукатори на оваа програма.

Меѓу проектите кој „Сцена“ го изработи со младите актери е „Театарски речник од деца за деца”. хс/са/10:00

###

 

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ