„Враќање“ во официјалната конкуренција на Филмскиот фестивал во Олденбург

„Враќање“ во официјалната конкуренција на Филмскиот фестивал во Олденбург

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Mакедонскиот филм „Враќање“ во режија на Кастриот Абдули ќе биде прикажан во официјалната конкуренција на Филмскиот фестивал во Олденбург, кој поради високиот рејтинг и силните критериуми на селекција  го нарекуваат уште и европски „Санденс“, соопшти Агенцијата за филм.

На ова 25. јубилејно издание на меѓународниот фестивал во Олденбург, Германија, што ќе се одржи од 12 до 16 септември, претставниците од Агенцијата за филм во Олденбург од 13 до 17 септември ќе учествуваат на настанот „Мечбокс копродакшн лаунџ“.

Учеството на Агенцијата ќе биде најавено и на отворањето на фестивалот, а по покана од директорот на фестивалот Торстен Њуман на 15 септември, Агенцијата за филм ќе има можност да ја претстави Македонија како атрактивна дестинација за снимање и ќе ја афирмира законската регулатива со која се овозможува поврат на средства од копродукциски услуги и филмски сервис.

Агенцијата ќе се претстави со учество на проекти во развој во официјалната програма на овој настан, ќе биде присутна и во печатените фестивалски рекламни материјали, организирани се и низа интервјуа од страна на претставници на фестивалот, како и на фестивалската веб-страница.

Филмскиот фестивал во Олденбург е посветен на иновативни, независни филмови со силен авторски печат и е еден од најзначајните филмски фестивали во светот, а за тоа зборува и фактот што Вараети, Холивуд репортер и Скрин интренешенел меѓу другите му ја доделија титулата „Европскиот Санденс".гв/са/11:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дени де Вито на фестивал во Шпанија добитник на наградата за животно дело на

Американскиот актер Дени де Вито е добитник на наг...

Порномодел ги продава старите силикони за да си купи нови

Британскиот порно модел Тејлор Роуз ги постави сво...

Ел Макферсон во врска со разведен татко на четири деца

Светски познатиот модел Ел Макферсон која неодамна...

Емилија Кларк на невообичаен начин се опрости од серијата „Игра на тронови“

Британската актерка Емилија Кларк на невообичаен н...