• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Наградата „Ристо Шишков“ за Благоја Чоревски

Наградата „Ристо Шишков“ за Благоја Чоревски

Струмица, 12 септември 2018 (МИА) - Наградата за високо актерско остварување на 26. издание на фестивалот на Камерен театар „Ристо Шишков“ ја доби актерот Благоја Чоревски. 

Нему фестивалското жири предводено од српската актерка Тања Бошковиќ наградата му ја додели за улогата во претставата „Квартет“ во копродукција на Македонскиот народен театар и Контрапункт од Скопје, по текст на Роналд Харвуд во режија на Зоја Бузалковска. 

Наградата на Чоревски му ја врачи директорот на фестивалот Ванчо Ристов Патриков и таа се состои од златен медалјон со ликот на Ристо Шишков, плакета и парична награда во износ од 1.500 евра. 

награда ристо шишков

Меѓународната театарска асоцијација НЕТА додели повеќе други награди на фестивалот. 

За најдобра претстава е прогласена „Еднаш свет изградив“ во продукција на Театарот за деца и младинци од Скопје, наградата за најдобра режија му е доделена на Ник Апер за претставите „Петтиот чин“ во изведба на Народниот тетатар од Струмица и „Ибзеновите женски“ во продукција на Покет театар студио од Љубљана и Аграрија од Копер, Словенија. Награда за најдобра сценографија, дизајн на светло и костимографија е доделена на Јулијана Војкова Најман за претставата „Клетници“ во изведба на Прилепскиот театар. 

Наградата за најдобра музика ја доби групата Фолтин, исто така за претставата „Клетници“, наградата за најдобар текст му е доделена на Радован Тишма за „Четири браќа“ на Књажевскиот српски театар од Крагуевац. 

Актерите на Струмичкиот театар Бранко Бенинов и Ванчо Крстевски добија награда за машка улога за нивните остварувања во претставата „Петтиот чин“. 

Награди за женска улога добија Румјана Мерџанска за улогата во претставата „Трговци на презервативи“ на театарот од Враца од Бугарија, и Мирјана Поповска Ристов за улога во претставата „Дони дарк“ на Театарот комедија од Скопје. 

Наградата за дебитантско остварување и е доделена на Димитрина Мицкоска за претставата „Женска утопија“. Специјална награда на фестивалот доби претставата „Доктор Фауст“ во изведба на Битолскиот народен тетатар со која беше спуштена завесата на годинешното издание на фестивалот „Ристо Шипков“ во Струмица. рт/ев/22:52

###

   

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...