• A-
  • A
  • A+
недела, 19 август 2018, 

Схинас: Јункер стои зад Хан во посредувањето во Македонија

Схинас: Јункер стои зад Хан во посредувањето во Македонија

Брисел, 16 јуни 2015 (МИА) - Маргаритис Схинас, главниот портпарол на Европската комисија и личен гласноговорник на претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, попладнево на прес-конференција во Брисел потврди дека првиот човек на неформалната Влада на Европската унија стои зад комесарот за преговори за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, во однос на неговите заложби и непристрасност при посредувањето во разговорите за решавање на политичката криза во Република Македонија.

На прашање на дописникот на МИА од Брисел да ги коментира нападите од страна на членови на опозициската СДСМ, нивните медиумски поддржувачи, па дури и на претседателот Зоран Заев, дека Хан бил пристрасен во корист на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски, па дека за тоа австрискиoт комесар нема поддршка во Еврокомисиајта, како и кај некои земји-членки на Унијата, грчкиот портпарол на ЕК со одговор:

- Претседателот Јункер стои зад сите 27. членови на неговиот Колеџ, дециден е првиот портпарол на Еврокомисија и гласноговорник на челникот на неформалната Влада на ЕУ, Маргаритис Схинас.

Во исто време, портпаролката на Хан, Маја Коцијанчич, на синоќешниот повик на Заев да се реши политичката криза во Македонија за десет дена, инаку ќе се радикализираат протестите на СДСМ, посочи дека официјален Брисел очекува политичките лидери во земјата да се однесуваат одговорно кон граѓаните.

- Она што можам да го кажам, најверојатно веќе го знаете. Ние продолжуваме да ги повикуваме политичките лидери во Македонија, во интерес на земјата и на граѓаните, итно да најдат одржлив политички компромис и да истапат со конкретен предлог што ќе помогне да се реши, односно да се најде решение за кризата што се уште е во тек, истакна Коцијанчич.

Според информациите од ЕК, неделава се очекува да продолжи дијалогот на четворицата политички лидери во нашата земја (Груевски, Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети) со посредство на амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли. Доколку се постигне некаков договор, Комисијата ги чека лидерите да се вратат во Брисел, па дури и идната недела истиот да го парафираат во придружба на комесарот Хан. Во тој поглед, македонскиот вицепремиер за евроинтеграции Фатмир Бесими, утре доаѓа во Брисел и во европската престолнина е планирано да се сретне со комесарот за преговори за проширување, но и со генералниoт секретар на Европската служба за надворешни рбаоти (ЕЕАС), Ален Ле Роа, како и со тројцата европратеници: Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, кои исто така во име на Унијата први ја започна медијацијата за решавање на политичката криза во Македонија. бн/13:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Хилари Клинтон и Спилберг во заеднички проект

Хилари Клинтон и Стивен Спилберг ќе копродуцираат ...

Повеќе десетина илјади посетители на настапот на Брена во Струмица

Со настапот на Црвена Јабука, Дубиоза колектив, Са...

Тесла може да пушти електромобил за 25.000 долари по три години

Најдостапниот електромобил на Тесла во моментов чи...

Германски ресторан забрани доаѓање на деца во вечерните часови

Еден ресторан на германскиот остров Риген, забрани...

Германија: Немаме план за доаѓање на вонземјани

Германската Влада соопшти дека не направила никако...