Холандскиот министер Блок во Македонија, во фокусот референдумот и реформите

Холандскиот министер Блок во Македонија, во фокусот референдумот и реформите

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Во официјална посета на Македонија денеска ќе престојува министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Стеф Блок.

Тој ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

На средбата со министерот Димитров се очекува да стане збор за актуелните политички состојби во Македонија, подготвителните активности за референдумот, како и за реформската ЕУ и НАТО агенда.  

По средбата планирани се изјави на двајцата министри.

- Ова е четврта билатерална средба на министрите за надворешни работи на Република Македонија и Кралството Холандија за период од 15 месеци што претставува потврда за зголемениот интензитет на политичкиот дијалог меѓу двете земји, наведуваат од македонското МНР. бак/са/07:32

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ