• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Рударите ќе заминуваат во пензија на околу 50-годишна возраст (видео)

Рударите ќе заминуваат во пензија на околу 50-годишна возраст (видео)

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) - Рударите ќе се пензионираат само со работен стаж. Жените со 35 години, мажите со 40-годишен работен стаж, а за тоа се изготвени и законски измени, информира денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.   

На денешната седница, како што потенцира министерката, била усвоена точката за измени и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што им овозможува бенефициран стаж на рударите.

- Со досегашниот закон тие би заминувале во пензија на околу 58-годишна возраст, а со новиот закон тие ќе заминуваат во пензија на околу 50 години.

Бектеши и Царовска 

Таа посочи дека сега за секоја година пропорционално ќе им се пресметува бенефицираниот стаж и така побрзо ќе навршат 40 години бенефициран стаж и ќе можат да заминат во пензија.

- Се очекува во 2019/2020 година околу 100 лица да го остварат пензионирањето врз основа на ова законско решение, нагласи Царовска. 

Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека рударството е многу значајно за индустриското производство во Република Македонија. 

- Како сектор учествува со 8,31 отсто од индустриското производство, а директно и индиректно вработува над 10.000 граѓани во Република Македонија, посочи Бектеши. 

Тој наведе дека ќе се работи и за дополнување и изменување на Законот за минерални суровини. см/сст/15:26

видео

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.